Утрински Весник
Македонија

И приватниците треба да чистат снегот – Глобите се од 500 до 1.000 евра

Unnamed 1.jpg
Dik 300x250 mk

И граѓаните се должни да се вклучат во расчистувањето, посебно приватниците кои имаат објекти како продавници, канцеларии и угостителски локали, и самите да допринесат така, што ќе го расчистат снегот пред објектите.

И според Закон за јавна чистота, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.


Одредени се и глоби за правното лице доколку не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот во зимски услови на јавните површини. Станува збор за глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Во некои американски држави, на пример, казните за неисчистен снег пред влез на зграда се движат од 50 до 150 долари, во зависност од бројот на станарите.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман