Утрински Весник
Македонија

И ПОНАТАМУ СУВ СТУД ПРЕД НАС БЕЗ СНЕГ: Наутро и под -10 степени!

Meteoalarm.mk 8 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Продолжува периодот на ладно време, особено во ноќните  и во утринските часови, и тоа поради влијанието на ладната воздушна маса која продира од источните  и од североисточните предели на Европскиот Континент, и истата е сува, што значи дека и понатаму пред нас е сув студ без снежни врнежи.


Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени. Меѓутоа, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурата ќе се спушта до околу, па  и под -10 степени.

Преку ден таа ќе се искачува во интервалот од 3 до 9/10 степени. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Што се однесува до температурата во Скопскиот регион, таа наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу -5  и -2 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април