Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат од МВР.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.