Утрински Весник
Свет

И Кина е за итен прекин на борбите во Газа

Sovet za bezbednost na on.jpg

Кинеските власти денеска соопштија дека ги поддржуваат напорите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ) за прекин на борбите во Појасот Газа. Пекинг не прецизира дали како постојана членка на СБ со право на вето, ќе ја поддржи денеска американската нацрт-резолуција за итен прекин на огнот, пренесува Франс прес. -Кина го поддржува СБ на ОН да преземе дополнителни одговорни и значајни чекори што е можно поскоро, вложувајќи незапирливи напори за брзо завршување на конфликтот во Газа, изјави Ли Џијан портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг. Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата предложена од САД со која се повикува на „итен и одржлив“ прекин на огнот во Газа, неопходен за заштита на цивилите и испорака на помош за повеќе од два милиони прегладнети Палестинци.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking