Утрински Весник
Македонија

И ДУИ прави сојуз, ќе настапи заедно со Мендух Тачи и Аријанит Хоџа, Ахмети веќе ги пишува листите за пратеници?

Dui 1.jpg

Откако стана јасно кој се ќе биде биде претседателски кандидат, партиите фокусот го ставија на креирање на листите за пратеници за парламентарните избори на осми мај.

За очекување е дека на изборите најнеизвесна битка ќе се води помеѓу четири блока, односно блокот предводен од СДСМ, оној од ВМРО-ДПМНЕ, додека во албанскиот електорат покрај Европскиот сојуз за промена, со свој блок ќе истрча и партијат ДУИ, која од 2002 година па до денес, исклучиво сама учествувала на избори.

Според информациите веќе е извесно дека ДУИ во својата коалиција ќе ги вклучи партиите на Аријант Хоча и Скендер Реџепи, делот од Алијанса за Албанцигте под контрола на Зијадин Села, како и некогашниот ривал Мендух Тачи и неговата ДПА.

Одредени медиуми повикувајќи се на информации од штабот во Мала Речица, веќе информираат со можни носители на пратеничките листи.

Па така во првата изборна единица носител би бил некогашниот член на „огнените“ Блерим Беџети, а веднаш зад него Скендер Реџепи Зејд.

Во ИЕ 2 листата би ја предводел Садула Дураку, додека во ИЕ 5 почесното место би му припаднало на Зијадин Села.

Во шестата изборна единица каде ДУИ очекува најмногу пратеници, традиционално листата би ја предводел лидерот Али Ахмети, веднаш зад него актуелниот технички премиер Талат Џафери, додека на првите неколку позиции ќе се најдат и Мендух Тачи и Аријанит Хоџа.

Окрпнувањето на ДУИ доаѓа по формирањето на опозицискиот блок во албанскиот електорат и откако со случувањата во Алијанса за Албанците, пропадна секоја шанса, оваа партија да настапи во коалиција со ДУИ.

Можете да прочитате

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?