Утрински Весник
Македонија

И денеска топло, но ќе дува северен ветер – Најавена дестабилизација на времето следната недела

Zima Sonce 750x430 1.jpg

Продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време со појава на мала до умерена локална облачност.

Денеска долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.


Според прогнозите на познатиот метеолог Славчо Попоски денеска, во попладневните часови, ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат поумерени, однсоно нема да бидат екстремно високи, поради тоа што сме под послабо влијание на топлиот бран од Африка, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени. Во Скоспкиот регион температурата ќе се искачи до околу 32/33 степени.

Поголема дестабилизација на атмосферата и на повеќе места во нашата Македонија, и тоа поради распространување на висински циклон над нашиот дел од Европа, очекувам од вторник (17 јуни). Од тогаш на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локални временски непогоди, вели Попоски во својата прогноза.

Можете да прочитате

МВР и Црвен крст со совет: Високите температури се ризик, возете одморени

Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале