Утрински Весник
Македонија

И денес натпросечно топло време со температура до 35 степени

И денес натпросечно топло време со температура до 35 степени

Времето денес ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени, информираат од УХМР.

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Во Скопје сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Кон крајот на денот, во текот на ноќта и в сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

В недела во претпладневните часови ќе има повремен локален дожд и ќе дува силен северен ветер, кој ќе услови пад на дневните температури. Од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван