Утрински Весник
Свет

Хутите погодија бродот со проектили

Be033a3a Cf8c 4b53 93d1 F624fc0390c9.jpg

Јеменските бунтовници Хути денеска со два проектила погодија брод што пловел во Аденскиот залив. На бродот избувнал пожар, објавија две поморски агенции. Тоа е последен во серијата напади на исламистичките бунтовници Хути кои значително го нарушија глобалниот поморски сообраќај.

„Бродот беше нападнат со два проектила, што резултираше со пожар на бродот“, објави британската трговска поморска канцеларија, додавајќи дека „коалициските сили реагираат на нападот“.

Безбедносната фирма Амбри, исто така, објави пожар на генерален товарен брод под знамето на Палау, во британска сопственост, по двата ракетни напади југоисточно од јеменскиот Аден. Се чини дека бродот тргнал од Мапа Та Пхут, Тајланд и се упатил кон Црвеното Море, рече Амбри.

„На трговските бродови им се препорачува да се држат подалеку од бродот и да продолжат со претпазливост“, се додава.

Хутите велат дека нападите се во знак на солидарност со Палестинците во Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас и дека тие ги напаѓаат бродовите кои пловат кон Израел.

Нападите поттикнаа некои бродски компании да пловат околу Рогот на Африка за да го избегнат Црвеното Море, кое вообичаено носи 12 отсто од светската поморска трговија. Конференцијата на ОН за трговија и развој предупреди кон крајот на минатиот месец дека обемот на комерцијален сообраќај што минува низ Суецкиот канал е намален за повеќе од 40 отсто во претходните два месеци.

Можете да прочитате

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Обилни снежни врнежи ја погодија Велика Британија

Падна PayPal за многу корисници ширум светот