Утрински Весник
Магазин

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”

Ela vo pogon 2025.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици, English Language Academy (ELA) не е само традиција, тој е приказна за малите херои со најголеми срца.

Во изминатите години, благодарение на трудот и љубовта на нивните ученици и поддршката од заедницата, беа донирани над 300 постелнини за децата на Детската клиника и болницата во Козле. Оваа година, чекорат уште посилно, уште похрабро, со искрена желба да стоплат уште повеќе детски срца.

На 21 декември, со почеток од 12:00 часот, во Погон бар, малите херои повторно ќе ја покажат својата магија. Со својата креативност и со многу љубов, тие создадоа новогодишни украси, подароци и честитки, претворајќи ја детската радост во надеж за оние кои минуваат низ најтешките моменти.

Сите собрани средства од овогодинешниот базар ќе бидат донирани на Детска хирургија. За децата кои таму храбро се борат секој ден, секој денар значи поддршка, грижа и порака дека не се сами.

Учениците од ELA ги покануваат сите што го читаат ова да бидат дел од нивната приказна. „Дојдете, поддржете ги малите херои и помогнете овој настан да биде најголемиот Божиќен базар досега.“

Да стоплиме детски срца. Да подариме надеж. Да бидеме причина за нечија насмевка.

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?