Утрински Весник
Македонија

Хуман гест: Османи му притрча на помош на велосипедист удрен од автомобил (видео)

C16d693b 48d1 4a3c 8c6e 9dd23970aefc.jpeg

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се нашол на лице место по сообраќајна несреќа во Скопје и му помогнал на повреден велосипедист кој бил удрен од автомобил.

Инцидентот се случил во попладневните часови, во близина или поточно на раскрсницата кај Мавровка. Османи веднаш пријде да му помогне на велосипедистот и се погрижи за него додека пристигне медицинска помош.


Очевидци раскажуваат дека неговата реакција била навремена и човечка, а гестот на кандидатот за градоначалник на Чаир беше поздравен од присутните граѓани.

Можете да прочитате

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2

Струмица со засилени контроли против согорување отпад и загадување на воздухот