Утрински Весник
Магазин

Хрватски град на листата најубави светски дестинации за свадба

Хрватски град на листата најубави светски дестинации за свадба

Магазинот за луксузни патувања Condé Nast Traveler објави листа на најдобри дестинации за свадбена прослава во светски рамки.

dobivaj vesti na viber

По ублажувањето на мерките за спречување на ширење на пандемијата, свадбите зачестија. Во светот постојат многу идеални места за венчавка, од магични имоти и убаво украсени романтични објекти до хотели со големи подиуми за танцување.

Некои двојки сакаат голема традиционална венчавка, други сакаат интимна прослава, а има и парови кои сакаат да отпатуваат со своите најблиски и да направат прослава на одредена дестинација.

Листата на Condé Nast Traveler вклучува различни земји низ светот кои нудат нешто посебно, нешто за кое вреди да се спакува куфер и да се патува. Во нивната збирка омилени локации за свадби е и хрватскиот град Сплит.

„Хрватска брзо станува една од најпопуларните дестинации за свадби, благодарение на нејзината близина до ОК, прекрасното крајбрежје и историските области со стари камени центри во боја на мед, како и енергичната култура. И додека можете да најдете магични места за свадбени прослави расфрлани низ островите, Сплит се издигнува над парапета како една од најистакнатите свадбени дестинации на овие простори и лесно е да се види зошто“, се наведува во објаснувањето зошто Сплит е идеална дестинација за свадба.

„Живиот крајбрежен град, кој се протега на километри долж источниот брег на Јадранското море, веќе долго време привлекува посетители благодарение на неговите глобално познати настани, но оние кои сакаат да се венчаат во Сплит го бараат вкусот на неговата извонредна особеност и архитектура што се врзува традицијата.“

Меѓу локациите во Сплит и неговата околина, од магазинот ја истакнуваат терасата на галеријата Мештровиќ, која нуди поглед на морето и островите Шолта, Брач, Хвар и Вис.

„Бројните цркви се вклопуваат во околниот пејзаж, а пост-свадбената вечера се одржува на маси распоредени по совршено негувани тревници. Исто така, ќе најдете многу хотели во градот идеални за помали прослави“, пишуваат авторите на статијата.

Според нив, најдобар период за свадба во Сплит се месеците мај и јуни како и септември и октомври, кога нема многу гужва и туристи.

Меѓу другите дестинации ширум светот, магазинот ги истакнува езерото Комо во Италија, Санторини во Грција, шкотските висорамнини, Ибица во Шпанија, Кејп Вајнлендс во Јужна Африка, Прованса во Франција, Маракеш и планините Атлас во Мароко, Бали и езерото Блед во Словенија.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста