Утрински Весник
Спорт

Хрватска и Мароко ветуваат возбудлива борба за мундијалската бронза

Хрватска и Мароко ветуваат возбудлива борба за мундијалската бронза

Хрватска и Мароко ќе го одиграат претпоследниот натпревар на Мундијалот кој ќе го одреди освојувачот на бронзениoт медал. Натпреварот започнува во 16 часот на стадионот „Калифа“ во Ал Рајан.

dobivaj vesti na viber

И додека финалето е секогаш најочекуваниот судир, „малото финале“ се рангира меѓу натпреварите кои предизвикуваат најмалку интерес. Расположението ниту кај самите тимови не е многу добро, откако веќе беа елиминирани во полуфиналето и ја загубија шансата да се борат за титулата. Сепак, и Хрватите и Мароканците тврдат дека ќе му подарат на светот возбудлив дуел.

Хрватите веќе го загубија статусот на втори во светот, но ќе се обидат да бидат трети барем до следното Светско првенство за четири години. Нивниот противник веќе влезе во историјата како првиот африкански тим што успеал да стигне до ова место на турнирот.

Европејците ќе останат без својот стартен десен бек Јосип Јурановиќ, кој е повреден. Во прашање се уште двајца од главните играчи – Марсело Брозовиќ и Јошко Гвардиол.

Проблеми со повреди има и за Мароканците, кои во полуфиналето останаа без тројца свои стартни дефанзивци во Ромен Саис, Нусаир Мазрауи и Наиф Агер. Не е сигурно дали некој од нив е доволно опоравен.

Дополнително, победникот од малото финале ќе добие и 2 милиони евра повеќе како бонус од ФИФА, откако за третото место е предвиден бонус од 27 милиони, а за четвртото 25 милиони.

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури