Утрински Весник
Македонија

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Image 224946.jpg

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на собранието, Гордан Јандроковиќ, пренесува „Индекс.хр“.

На официјалната средба со Јандроковиќ во хрватската амбасада во Скопје македонските Хрвати ја пренесоа својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажаа на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското собрание.


„На Јандроковиќ му беа посочени предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Тој им рече дека парламентот работи на промовирање на хрватското наследство во Северна Македонија.

Предвидено е Јандроковиќ утре да се сретне и со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, а потоа и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Претседателот на Собранието ќе има говор и на свечената седница на македонското Собрание. Тој ќе биде примен и од Хрватскиот деловен клуб, кој ги собра претставниците на хрватските компании што работат во Македонија“, соопштуваат од хрватскиот парламент.

Можете да прочитате

УЈП: Работодавачите ја исплатуваат јануарската плата со задоцнување

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос