Утрински Весник
Магазин

Храна која му помага на вашето тело да произведува колаген кој игра голема улога во младоликоста на кожата

0d418a55 3422 4b39 A38d 13990618eb60.jpg

Колагенот е протеин кој и дава еластичност на кожата и на тој начин игра голема улога во младоликоста на вашата кожа. Во последно време многу се става акцент на дополнителното внесување на колаген преку суплементи, но има многу секојдневни намирници кои можат да помогнат во производството на овој важен протеин за човечкиот организам.

Според нутриционистот Криста Гоналвес, исхраната игра изненадувачки голема улога во изгледот на нашата кожа, а сето тоа се сведува на тоа колку овие намирници помагаат во производството на колаген.

Како што старееме, произведуваме помалку колаген, поради што на нашата кожа се појавуваат брчки. Јадењето храна богата со колаген и храна која го стимулира производството на колаген може да има корист за вашата кожа и целокупното здравје.

Според експертите, храната како супа од коски содржи биодостапна форма на колаген што вашето тело може веднаш да го искористи.

Се произведува со вриење на животински коски во вода и се верува дека овој процес го извлекува колагенот. Кога го правите ова дома, зачинете ја супата со дополнителни зачини за подобар вкус. Коскената срцевина содржи калциум, магнезиум, фосфор, колаген, глукозамин, хондроитин, амино киселини и многу други хранливи материи.

Пилешко

Има причина зошто многу додатоци на колаген се добиени од пилешко. Содржи големи количини на сврзно ткиво, што го прави пилешкото богат извор на колаген во исхраната. Неколку студии користеле пилешки врат и ‘рскавица како извор на колаген за лекување на артритис.

Риба

Како и другите животни, рибите имаат коски и лигаменти направени од колаген. Некои луѓе тврдат дека морскиот колаген е еден од најлесно апсорбираните.

Белки

Иако јајцата не содржат сврзно ткиво како многу други производи од животинско потекло, белките имаат големи количини на пролин, една од амино киселините потребни за производство на колаген.

Агруми

Витаминот Ц игра голема улога во производството на про-колаген, претходник на колагенот на телото. Затоа, внесувањето доволно витамин Ц е од клучно значење. Цитрусните овошја како портокали, грејпфрути, лимони и лимес се полни со оваа хранлива материја.

Бобинки

Иако агрумите имаат тенденција да ја добиваат целата слава поради нивната содржина на витамин Ц, бобинките се исто така одличен извор на овој витамин. Јагодите всушност имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Малините, боровинките и капините исто така нудат голема доза на витамин Ц.

Лиснат зеленчук

Лиснатиот зеленчук е клучен фактор за здрава исхрана. Како што се испоставува, тие можат да понудат и естетски придобивки. Имено, спанаќот, кељот, блитвата и другата зелена салата ја добиваат својата боја благодарение на хлорофилот, познат по своите антиоксидантни својства.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува