
Ново отворениот Хотел „Ембла“ во Струга ќе биде домаќин на натпреварувачите и учесниците во ВМ Класик Рели – Запад, кое е дел од Државниот шампионат за рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.

Во рамки на свечената вечера, сопственикот на хотелот Менди Ќира заедно со Претседателот на клубот ВМ Класик Велимир Смилевски и Претседателот на Федерацијата Мојсие Милосавлевски ќе ги доделат наградите за најуспешните натпреварувачи во релито.

Како дел од настанот, голем број олдтајмер возила ќе бидат изложени пред хотелот, овозможувајќи на посетителите да уживаат во уникатниот амбиент и ретките автомобили.