Утрински Весник
Магазин

Хороскоп за 10 март: Водолијата планира забава, Ракот ги реализира сите планови

45ef21b2 D442 4261 A6dd 9edd7b73003d

ОВЕН

Чудно сте расположени. Не сакате да правите ништо, не сакате да одите никаде, повеќе би сакале да се скриете во четирите ѕида, да молчите и да се одморите. Не го ускратувајте вашето присуство на некои личности кои многу ги сакате. И вие ќе уживате малку да се движите наоколу.

БИК

Уживајте во времето што ќе го поминете со луѓето за кои се грижите, без разлика дали се пријатели или емотивен партнер. Доколку случајно сте сами, вистински момент е да започнете комуникација со некој кој ви е многу привлечен.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да ве очекуваат важни контакти, некои поголеми дружења или посета која ви е исклучително важна. Во секој случај, бидете сигурни дека ќе блеснете и дека нема да има личност која нема да ве забележи. Исклучителен контакт со спротивниот пол.

РАК

Интензивен ден и одлични можности за остварување интересни емотивни контакти преку пријателите. Се ќе си оди овој ден, не се затворајте дома, излезете „меѓу луѓе“. Плановите се лесно остварливи. Емотивна и романтична средба со саканата личност.

ЛАВ

Премногу размислувате за работи кои не можете да ги промените во моментот. Не се вознемирувајте, работите ќе си дојдат на свое место, а вие бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат. Потребно е само повеќе време….

ДЕВИЦА

Имате повици за неколку забави, но и некој близок на кој очекувате да му посветите време. Можно е во првиот дел од денот да склучите договори кои подоцна ќе треба да ги промените. Сепак, вие имате тенденција да ја „фрлате“ љубовта на задниот дел…

ВАГА

Би било прекрасно доколку можете да си го посветите овој ден на себе. Најдобро е да го поминете надвор од дома, да се прошетате, да бидете на чист воздух…да не сте заглавени на едно место. Контактите со спротивниот пол се подобри во вечерните часови….

СКОРПИЈА

Вашите планови за денес се големи, а сите вклучуваат емотивен партнер. Може да следат некои убави настани, обидете се да му ја покажете на саканата силата на она што го чувствувате за него. Тоа е исто така одличен момент за прашања или планови во врска со вашата врска…

СТРЕЛЕЦ

Вашата сакана личност е полна со енергија и подготвена да си помине убаво со вас денес. Вие, пак, попрво ќе се одморте и ќе се затворте меѓу четирите ѕида, заедно со неа. Треба да се прилагодите и да направите компромиси.

ЈАРЕЦ

Луѓето околу вас очекуваат да го исполните договорот што им го ветивте. Ви претстои убав ден, во кој ќе има мали настани кои нема да ве оптоваруваат. Искористете го времето за да запознаете пријатели или луѓе кои одамна не сте ги виделе.

ВОДОЛИЈА

Имате планови за трошење време и ќе се трудите да ги остварите. Сепак, оставете малку време и за вашите најблиски. Вистина е дека ќе ви биде малку потешко да координирате се, но потрудете се. Обрнете внимание на оние луѓе кои се секогаш тука за вас кога ви треба.

РИБА

Транзитната Месечина е во вашиот знак и ви носи нагласена потреба за емоционална сигурност и присуство на саканата личност. Ако сте осамени, ве советувам да го подобрите вашето расположение преку комуникација или средба со пријателите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста