Утрински Весник
Свет

Хорор во Сомалија: Најмалку 32 лица загинаа во напад на Ал Шабаб на плажа во Могадишу

Screenshot 2024 08 03 120454.jpg

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 63 се повредени во напад на плажа во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан.

Тој додаде дека некои од повредените се во критична состојба, пишува BBC.

Од службите за итна помош претходно беше соопштено дека во нападот загинале најмалку осум лица, а 28 се повредени.

Одговорноста за вчерашниот напад ја презеде терористичката група Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда, пренесе АП.

Групата е поврзана со Ал Каеда и го води бунтот против сомалиската влада поддржана од ОН речиси 20 години.

Според изјавите на очевидците и локалните власти, се слушнала експлозија и истрели, а очевидецот Моамуд Моалим за АП изјавил дека го видел напаѓачот опкружен со експлозив неколку моменти пред да се разнесе во близина на хотелот, на популарната плажа Лидо.

Сомалиската новинска агенција објави дека безбедносните сили ги „неутрализирале напаѓачите“.

Плажата Лидо и во претходните години беше цел на терористите на Ал Шабаб.

Минатата година, девет лица беа убиени во нивниот напад на тоа популарно место во Могадишу.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници