Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје денеска одбележува 25 години постоење.
По четврт век постоење, ХОПС има воспоставено три активни дневни центри: Дневен центар за намалување на штети од употреба на дроги, Дневен центар за ресоцијализација на жени во социјален ризик со потреба од ресоцијализација и Дневен центар за рехабилитација и реинтеграција на луѓе кои се соочуваат со зависност.
Како што стои во соопштението од Тимот на ХОПС, Здружението зад себе има многу победнички судски пресуди за заштита на правата на најмаргинализираните и заедно со партнерите, успешна промена на Кривичниот Законик за декриминализација на личната употреба на дроги.
– Благодарение на работата на ХОПС во Македонија бројот на заболени од ХИВ меѓу најризичните категории е сведен на минумиум – има само 1 нов случај во 15 години! ХОПС е релевантен член на локални, регионални и меѓународни коалиции и мрежи за унапредување на еднаквоста и правата на најмаргинализираните.
Работи за луѓето кои употребуваат дроги, се наведува во соопштението.
Но, бидејќи се уште не можеме да кажеме дека сме општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и во кое сите уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба, велат од Тимот на ХОПС, нашата борба продолжува и во следниот период.
– Заедно со нашите членови, корисници на услуги, партнери и поддржувачи, зајакнати со млади луѓе со визија и желба за промени, продолжуваме да креираме вакво отворено општество во кое на крај никој нема да биде оставен на маргините! На крај искажуваме искрена благодарност за секоја досегашна, но и идна помош и поддршка од волонтирање до донации со која се помага во остварување на оваа визија!, стои меѓу другото во соопштението.