Утрински Весник
Спорт

Холивудските ѕвезди од Рексам се „исплашија“ од Сер Алекс Фергусон

Холивудските ѕвезди од Рексам се „исплашија“ од Сер Алекс Фергусон
Dik 300x250 mk

Манчестер јунајтед потврдија дека ќе играат пријателски меч против петтолигашот Рексам, клубот кој е во сопственост на актерите Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени, на 25 јули во Сан Диего, САД, објавувајќи смешно видео во кое холивудските ѕвезди имат „разговор“ со легендарниот поранешен менаџер на „ѓаволите“, Сер Алекс Фергусон.

dobivaj vesti na viber

Од Јунајтед потврдија дека ќе играат со тим со „многу млади фудбалери“ како дел од подготовките за следната сезонаво турнејата на САД. Рексам, клубот од Велс, во моментов се на првото место на Националната лига, три поени пред Нотс каунти со меч помалку, а немаат играно со Јунајтед од 1995 година, кога загубија со 5:2 од Јунајтед.

Во видеото со кое се најавува мечот, Рејнолдс и Мекелени се пред компјутер чекајќи видео-разговор со Фергусон, и кога се уклучува шкотскиот тренер, тој не им одговара на прашањата, по што тие нервозно го прекинуваат разговорот. Потоа се сфаќа дека биле на „mute“ цело време.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен