Утрински Весник
Свет

Холандската авиокомпанија КЛМ виновна за доведување во заблуда на патниците со „зелени“ реклами

A038ae81 3cba 4ddd 879e Ebbb26979dd5.jpg

Холандската авиокомпанија KLM користеше манипулативен „зелен“ маркетинг за да ги доведе во заблуда патниците со цел да го подобри својот корпоративен имиџ и да ги убеди дека се грижи за животната средина, одлучи денеска холандскиот суд.

Активистите за заштита на животната средина тврдат дека КЛМ, филијала на Ер Франс-КЛМ, ги довела во заблуда патниците со кампањата „летај одговорно“, бидејќи авијацијата генерално испушта стакленички гасови.

Неколку од минатите реклами на КЛМ донесоа лажни заклучоци и затоа беа незаконски“, заклучува судот во резимето на својата писмена одлука. Сепак, компанијата не мора да ги коригира и може да продолжи да се рекламира, и покрај повиците за целосна забрана.

„КЛМ во иднина мора да биде искрена и конкретна во своите тврдења за влијанието на летовите врз животната средина“, нареди судот.

Хиске Артс, менаџер на кампањата на активистичката група Fossil Free, која ја поднесе тужбата, изрази задоволство од одлуката на судот.

„Судот не можеше да биде појасен: на компаниите не им е дозволено да тврдат дека се борат со опасните климатски промени кога тие всушност ја поттикнуваат кризата“, нагласува Артс.

Извршниот директор на Ер Франс-КЛМ Бен Смит, тужбата ја нарече „одвратна“.

„Не користиме „зелена шминка““, рече Смит на прес-конференција, тврдејќи дека компанијата презема чекори за намалување на емисиите, најавувајќи купување на поефикасни авиони и зголемување на процентот на биогорива во керозин.

Од „Фосил Фри“, пак, сметаат дека плановите за иднината се помалку важни од непосредната опасност и дека најавените промени се маргинални, особено што компанијата планира да го зголеми бројот на летови.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија