Утрински Весник
Свет

Холандија планира да обезбеди 24 борбени авиони Ф-16 на Украина

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16, пренесоа украинските медиуми.

-Севкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени на Украина штом се е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата, нагласи Олонгрен.

Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.

-Тешко е, комплицирано е, но ќе се случи. Нашата коалиција се надева дека ова лето ќе можеме да започнеме со испорака на борбени авиони Ф-16, прво во Данска, а потоа и во Холандија, додаде таа.

Холандија има намера да ја изврши првата испорака на Ф-16 во Украина во втората половина на оваа година, забележуваат украинските медиуми.

Можете да прочитате

Уапсен чичкото на осумгодишното девојче по кое трага цела Турција

Итно суспендирање на апликацијата „Х“ нареди Бразил – Казната за обид за пристап до мрежата е 8.874 долари

Околу 30 мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина