Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

1. hoxha bjorn scaled.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.

„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми”, изјави Хоџа.

Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.

Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“