Утрински Весник
Балкан

Хоџај: Српски парамилитарци и криминалци од северно Косово вклучени во плановите за убиство на Ѓукановиќ

20240714170055 Big 730x400 53.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека српски криминалци и припадници на паравоени формации од северот на Косово се вклучени во заговорите за атентат врз поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Актуелниот потпретседател на косовското Собрание од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека истите луѓе кои сега го планираа убиството на Ѓукановиќ биле вмешани и во обидот за државен удар во 2016 година во Црна Гора.

– Српските парамилитарци и криминалци од северно Косово кои одиграа клучна улога во обидот за државен удар во 2016 година против претседателот Мило Ѓукановиќ и сега се вклучени во заговори за атентат против него. Овие настани се меѓусебно поврзани, а ги вклучуваат Белград и Москва, кои имаат за цел (да воспостават) хегемонија врз Црна Гора, напиша Хоџај

Можете да прочитате

Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати откако потона брод со мигранти во Грција

Снегот ги затвори училиштата во 14 провинции во Турција

БиХ го легализира канабисот за медицински цели