Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

Image 2026 03 30 152204713.png

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата.

Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.


Јавната расправа претставува важен чекор во процесот на транспарентно носење одлуки и трајна заштита на природните богатства на нашата држава. Настанот е закажан на 7 април 2026 година (вторник) со времетраење 11:00 – 13:15 часот во Сала за состаноци, Општина Дебрца.

Текстот на Нацрт-законот е веќе достапен за јавноста и може да се разгледа на единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР): www.ener.gov.mk и на официјалната веб-страница на МЖСПП: www.moepp.gov.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад