Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата Лабораторија и за нови методи

20260220135246 big 730x400 39.webp.webp

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.

Тој нагласи дека  модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите.


Во рамки на посетата беше нагласено дека Лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.

Дополнително,во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина.

Следен чекор е кадровското доекипирање, а за таа цел Министерството ќе иницира постапка на владино ниво.

Можете да прочитате

Рокас: Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран со договори

Пожар во струмичко, поради силниот ветер огнот брзо се раширил

Камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“