Утрински Весник
Економија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање на вработени во Германија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање на вработени во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германски правобранител го казни шведскиот моден ланец H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.

„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информациите.

Уште од 2014 година, раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во систем, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамки на истрагата.

H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.

Компанијата во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Нема да има промена на даноците, дигитализацијата е клучна за ефикасно трошење на буџетските пари

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

Стопанска комора: Ни треба дебата за БДП, извозот, градежништвото, металургијата,…