Утрински Весник
Спорт

Хит видео: Како Џани Инфантино изведува корнер

Хит видео: Како Џани Инфантино изведува корнер

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, учествуваше на бројни хуманитарни натпревари за време на Светското првенство во Катар. Во некои беше судија, во некои играше, иако можеби ќе беше подобро да не беше на теренот, со оглед дека неговите фудбалски способности не се баш најдобри.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појави видео од Инфантино како изведува корнер на еден таков пријателски натпревар. Инфантино изведе корнер и тоа го направи катастрофално.

Видеото доби илјадници лајкови, а веднаш се рашири низ сите социјални мрежи. Во бројни коментари сите му се потсмеваат на Инфантино, а многумина се прашуваат дали претседателот на ФИФА некогаш во животот шутнал топка.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина