Утрински Весник
Македонија

Хит на денот: Човек ползејќи го поминува булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром

Whatsapp image 2026 01 21 at 10.23.17 1.jpeg

Необична и во исто време загрижувачка сцена денеска го обиколи Скопје. На булеварот „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, граѓанин беше забележан како ползејќи се обидува да го помине коловозот, поради екстремно лизгавиот и неисчистен снег.

Снегот кој ги изненади граѓаните во Скопје, но и низ цела Македонија, предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и во секојдневното функционирање. Неисчистените улици, замрзнатите коловози и недоволната реакција на надлежните служби создадоа опасни услови за пешаците и возачите.

Граѓаните реагираат дека ваквата состојба е недозволива, особено на фреквентни булевари како „Јане Сандански“, каде секојдневно се движат голем број пешаци, деца и возила. Апелите се надлежните институции итно да реагираат и да ги расчистат улиците, пред да дојде до посериозни последици.

Сцената со човекот кој ползејќи го минува булеварот стана симбол на хаосот кој го донесе снегот – и јасен показател дека зимската неподготвеност повторно излезе на површина.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ