Хенри Кевил ќе ја добиел улогата на славниот агент 007 доколку Даниел Крег не бил на аудиција.
Мартин Кембел, режисерот на „Казино Ројал“, го откри процесот на аудиција за филмот од 2006 година, кој го лансира Крег како харизматичен шпион Бонд.
Режисерот откри дека Кевил речиси ја добил улогата, но изгледал премногу млад во тоа време.
Во интервју за „Експрес, Кембел рече: „Изгледаше одлично на аудицијата. Неговата глума беше извонредна. И, ако не постоеше Даниел, Хенри ќе беше одличен Бонд. Изгледаше прекрасно, беше во одлична физичка форма… многу згоден и извајан. Само изгледаше малку младо во тоа време“.
Кембел смета дека Кевил (40) сега е на вистинската возраст да ја преземе улогата.
„Кога Даниел стигна до ‘Не е време за умирање’, тој беше на возраст во која ќе беше многу стар ако снимаше уште еден филм. Хенри е во добра форма и доколку сними три продолженија, ќе наполни 50 години“.
Хенри претходно навести дека сè уште е заинтересиран за улогата. „Мислам дека би било многу возбудливо да разговарам со продуцентите. Во идеален свет никогаш не би морал да одбијам ништо“, рече тој за „Холивуд репортер“.