Утрински Весник
Свет

Хеликоптерска несреќа во Турција: Загинаа шест војници во денешниот судир на два хеликоптери, при што едниот се урна

Helikopteri 420373.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шест војници загинаа денеска кога два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што еден од нив се урнал, изјави турски официјален претставник.

Еден од хеликоптерите се урнал во близина на бензинска пумпа во градот Кечиборлу, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Другиот хеликоптер успеал да слета без проблеми.

Валијата од Испарта, Абдула Ерин прецизираше дека инцидентот со воените хеликоптери се случил за време на тренажни летови.

Градоначалникот на градот Испарта, Шукру Башдегирмен рече дека на местото на несреќата се испратени многу противпожарни бригади, Итна помош и спасувачки екипи.

За случајот е започната истрага.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција