Утрински Весник
Македонија

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Img e963e09eb69800c44abc11b2084a01f9 v.jpg

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.

– Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце. Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи, се наведува во објавата на веб страницата на ЦУК.


ЦУК претходно соопшти дека пожарот што избувна над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна, е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана