Утрински Весник
Свет

Хависто: Нуклеарното оружје нема да биде поставено на финска територија

Хависто: Нуклеарното оружје нема да биде поставено на финска територија
Dik 300x250 mk

Нуклеарното оружје нема да биде распоредено на територијата на Финска по нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Пека Хависто.

dobivaj vesti na viber

„ Финска не постави никакви предуслови кога аплицираше за членство затоа што не сакаше да го стесни опсегот на своите активности. Но, јасно е дека нема да има нуклеарно оружје на финска територија дури и по завршувањето на членството“, рече Хависто, пренесува фински порталот Иле.

Хависто ја потврди визијата на политичкото раководство на земјата дека Финска и Шведска истовремено ќе влезат во НАТО.

„ Финска и Шведска формираат единствена одбранбена стратешка структура. Истовременото објавување на пристапот на Финска и Шведска во НАТО не е само гест на пристојност, туку прашање на зајакнување на одбранбените способности на двете земји“, рече Хависто.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа