Утрински Весник
Скопје

Хаварисаните возила во Кисела Вода градоначалникот Ѓорѓиевски ќе ги носи во дробилица

Havarisani Vozila.jpg

Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички, информира градоначалникот на општина Кисела Вода.

-Кисела Вода во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.


Инспекциските служби на општината, во текот на следните неколку дена ќе започнат активност за мапирање на отпадните возила и ќе започнат постапка со која ќе се утврдува сопственоста, како и тоа дали истите се регистирани и имаат платено обврски кон државата.

Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови, вели Ѓорѓиевски и додава:

ОВА ОСОБЕНО ВАЖИ ЗА ОНИЕ ВО РАСАДНИК, КОИ ПАРКИНЗИТЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА ПРЕПРОДАВАЊЕ НА ВОЗИЛА, КАКО АВТО ПЛАЦЕВИ!

Предвидени се и глоби за несовесните сопственици на хаварисани возила.

Важно – инспекторите ќе пристапат и кон возилата кои се без таблици и во комуникација со МВР и ќе се започне со постапка согласно законската легислатива!

По завршувањето на постапката, возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат.

Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал!

Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување туку воведување ред во оваа сфера.

Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода!

Можете да прочитате

Неколку улици од Гази Баба утре ќе бидат без вода

Јаневски: И вие згрешивте со Заев и ние згрешивме со Арсовска

Општина Центар ги казни угостителските објекти на Кеј „13 Ноември“ кои ги узурпираа јавните површини