Утрински Весник
Спорт

Хатајспор демантира: Кристијан Атсу сѐ уште не е пронајден

Хатајспор демантира: Кристијан Атсу сѐ уште не е пронајден
Dik 300x250 mk

Турскиот клуб Хатајспор не го пронајде фудбалерот од Гана, Кристијан Атсу, иако пред два дена медиумите открија дека крилниот напаѓач бил во болница по катастрофалниот земјотрес во Турција. Тој првично беше пријавен за исчезнат заедно со спортскиот директор Танер Савут по потресите.

dobivaj vesti na viber

Сепак, вчера се појавија добри вести дека Хатајспор успеал да го лоцира откако потпретседателот на клубот Мустафа Јозат изјави дека Атсу бил „извлечен од урнатините со повреди“. Оваа информација која му била доставена на клубот, сепак, се покажа дека не е веродостојна во моментот.

„На клубот му беше кажано дека е однесен во болницата Диортиол. Кога дознавме, отидовме, но тој не беше таму. За жал, прифаќаме дека Танер и Кристијан Атсу не се пронајдени во моментов“, изјави докторот на Хатајспорт, Ѓурбеј Кахвечи за весникот „Хуријет“.

Тренерот на Хатајспор, Волкан Демирел, беше разочаран од ширењето на претходната информација.

„Ве молам, не пишувајте дека е спасен без да бидете сигурни. Луѓето имаат семејства. Надежите, тагата, болката се зголемуваат. Сè уште нема вести од Атсу и Танер Савут. Зарем не би ги споделил ако беа во болница? Ќе ги кажам веднаш штом ќе дојде веста“, изјави Демирел за „Хуријет“.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен