Утрински Весник
Магазин

Харви Вајнстин на ново судење за силување

Харви Вајнстин на ново судење за силување

Актерка и модел идентификувана како Џејн До 1 го обвини поранешниот продуцент Харви Вајнстин за сексуален напад, во текот на првиот ден од судењето во Лос Анџелес, каде што е обвинет за силување.

dobivaj vesti na viber

Таа низ солзи раскажуваше дека била принудена на орален секс со Вајнстин откако тој се појавил во нејзината хотелска соба по настан на филмски фестивал во 2013 година.

Жената беше првата што застана да сведочи по воведните изјави од неговиот адвокатски тим, пренесува британски Би-би-си.

„Плачев, се гушев“, рече жената, плачејќи додека зборуваше. Таа поднела жалба до полицискиот оддел во Лос Анџелес во октомври 2017 година, набргу откако „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ објавија за повеќекратни наводи за сексуален напад од страна на холивудскиот моќник.

На судењето во Лос Анџелес, Вајнстин носеше црн костум и очила кога беше донесен во судницата во инвалидска количка.

Џејн До 1, зборувајќи со помош од руски преведувач, им кажа на поротниците дека нејзиното разбирање на англискиот е фактор во нејзината средба со Вајнстин.

Таа рече дека живеела во Рим кога отпатувала во Лос Анџелес во 2013 година за да присуствува на фестивал на италијански филмови, каде што од неа се очекувало „да работи на црвените теписи“. Првпат го видела Вајнстин во ВИП соба, но едвај зборувале. Сепак, подоцна, кога се вратила во својата хотелска соба, ѝ се јавиле од рецепција и ѝ рекле дека ќе ја поврзат на телефон со човек кој се идентификувал како Вајнстин и кој инсистирал да ја види.

Кога влегол во нејзината соба, имало кус муабет пред Вајнстин да ја соблече јакната и да почне да зборува за масажа. Таа сфатила дека нешто не е во ред, се почувствувала непријатно и му рекла да си оди, пренесува Би-би-си.

„Но, наместо да ја напушти собата, ги откопча панталоните и ме принуди на орален секс со него,“ рече жената.

Американската публикација „Дедлајн“ објави дека Џејн До 1, исто така, ја покривала устата со рака додека опишувала како Вајнстин наводно ја фатил за коса и ѝ го турнал лицето кон неговите гениталии.

Харви Вајнстин (70), кој веќе отслужува 23-годишна затворска казна за други случаи на силување и други сексуални напади во Њујорк, повторно е на судење по неколку кривични пријави во Лос Анџелес, градот во кој некогаш беше еден од најмоќните филмски продуценти.

Тој се соочува со 11 обвиненија за силување и сексуален напад врз пет жени од реонот на Беверли Хилс и Лос Анџелес помеѓу 2004 и 2013 година. Идентитетот на тужителките се чува во тајност во судските документи, каде се користи името Џејн Дос од еден до пет.

Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, Вајнстин се изјасни за невин.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста