Утрински Весник
Магазин

Хари Стајлс на концерт пиеше од патика, фановите згрозени

Хари Стајлс на концерт пиеше од патика, фановите згрозени

Музичарот Хари Стајлс ги запрепасти фановите со својот потег на концертот во Перт, во рамки на неговата австралиска турнеја. Ја соблекол едната патика и во неа истурил алкохолен пијалок кој потоа го испил пред публиката.

dobivaj vesti na viber

„Ова е една од најодвратните традиции за кои сум слушнал“, рекол Стајлс, пренесува „Пејџ сикс“. Овој потег, инаку, го популаризираше возачот на Формула 1, Даниел Рикиардо.

„Се чувствувам како поинаква личност. Се срамам од себе,“ се пошегува пејачот откако го извади микрофонот од држачот. „Таков интимен момент да споделиш со толку многу луѓе. Ќе имам долг разговор со мојот терапевт за ова.“

На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат видеа од Стајлс како пие од патика и многумина беа згрозени од она што го видоа.

„Зошто луѓето навиваат, мене ми е грозно“, „Не можам да го бранам во ова“, „Ако уште еднаш го видам видеото на Хари како пие од патиката, ќе здивам“, „Секогаш кога ќе го видам ова видео е против моја волја“, „Ми се гади кога го гледам ова“, се дел од коментарите на фановите на пејачот.

Можете да прочитате

ТИЕ СЕ НАЈДОБРИ ТАТКОВЦИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Астролозите велат дека имаат посебни квалитети

Апел за помош: На малиот Теодор му е потребен специјализиран третман со матични клетки, потребни се 13.750 евра

Овие три куќни апарати ја покачуваат сметката дури и кога не ги користиме, а сите ги имаме во домот