Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган наводно сакаат извинување од кралското семејство

Хари и Меган наводно сакаат извинување од кралското семејство

Војводата и војвотката од Сасекс наводно бараат извинување од кралското семејство.

dobivaj vesti na viber

Двојката – која се повлече од кралските должности во 2020 година и се пресели во Лос Анџелес во потрага по приватен живот –  го обвини семејството за расизам.

И, откако поранешната дворска дама Сузан Хаси даде неприфатливи коментари за шеф на добротворна организација, Афроамериканец, а потоа се извини, анонимен извор тврди дека ништо такво не е направено за Хари и Меган и дека тие сакаат средба со семејството.

Извор близок до војводата и војвотката од Сасекс изјави за „Сандеј тајмс“: „Никогаш не беше направено такво нешто кога Хари и Меган искажуваа загриженост – немаше состанок, немаше формално извинување или преземање одговорност. Тоа е тешко да се проголта – 100 проценти ‘да’. Тие би сакале да има средба“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 март 2026

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март