Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган: Бебето го изгубивме поради стрес

Хари и Меган: Бебето го изгубивме поради стрес
Dik 300x250 mk

Принцот Хари и Меган Маркл тврдат дека го изгубиле своето дете поради стрес. Ова е новото обвинување упатено во една од последните епизоди од нивната документарна серија од шест дела на „Нетфликс“, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Според нив, тужбата против „Дејли Меил“ предизвикала голем стрес, кој наводно резултирал со губење на бебето.

Оваа информација, според светските написи, ја изнесе принцот Хари, опишувајќи како неговата сопруга, откако станала војвотка од Сасекс, не можела да се справи со притисокот на британските медиуми кои, како што наведе, ги следеле на секој чекор и ја клеветеле Меган.

„Верувам дека мојата сопруга имаше спонтан абортус поради тоа што и го направи „Дејли Меил“. Гледав како целата работа се расплетува пред мои очи“, рекол Хари.

Инаку, во 2020 година, парот поднел тужба против „Дејли Меил“ и „Асошиејтед“ поради објавувањето на писмото на Меган напишано до нејзиниот татко Томас Маркл, а тој го продал тоа писмо на таблоидите, по што изгубил контакт со неговата ќерка. Меган ја доби судската битка и доби милионска отштета.

За потсетување, „Нетфликс“ ги објави последните три епизоди од документарецот за Хари и Меган. Принцот и војвотката од Сасекс открија нови детали од нивната венчавка и заминувањето од Велика Британија, но упатија и голем број нови обвинувања кон кралското семејство. Парот сподели и досега невидени фотографии од нивните деца.

Можете да прочитате

Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall

Жестока дискусија: Свети Лука или Ноќ на вештерките: 31 октомври е датумот што ги спојува двата празника – еве што вели црквата

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен