Утрински Весник
Свет

Харадинаj: Го прашав Курти за кого работи

Харадинаj: Го прашав Курти за кого работи
Dik 300x250 mk

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека има само еден начин да се постигне конечен договор. Тоа значи дека САД треба да ги заклучат Албин Курти и Александар Вучиќ на едно место додека не се договорат, пренесува Теве1.

dobivaj vesti na viber

„Би апелирал до Америка, во случај да не знаеме како да излеземе, не дозволувајте повеќе да одиме во отпад. Извадете не, не оставајте не сами, не дозволувајте да ги трпиме последиците од ова. Нивниот начин би бил да ги повикаат раководствата на Косово и Србија, да ги затворат некаде додека меѓусебно не се договорат. Ние сме во погрешна насока, Курти е во погрешна насока“ – рече Харадинај.

Харадинај смета дека Курти е свесен за последиците од одвојувањето од САД во последната фаза од дијалогот.

„Го прашав Курти за кого работи. Тоа е затоа што не верувам дека Курти како премиер не ги знае последиците од одвојувањето на Косово од Америка во оваа последна фаза од процесот“ – нагласи Харадинај.

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари