Утрински Весник
Свет

Харадинај: Курти греши, не смее да се поставуваат рокови за КФОР

Харадинај најави колапс на Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај вели дека изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за роковите што ги дал на КФОР е погрешна бидејќи нивната мисија на Косово е чиста и Брисел и Вашингтон се пријатели и сојузници на Косово, пренесува „Клан Косово“.

dobivaj vesti na viber

Харадинај на прес-конференцијата изјави дека „платформата на Александар Вучиќ и неговите луѓе која поттикнува војна ги преминува црвените линии“.

„Ситуацијата на северот на Косово станува се посериозна и покомплицирана. Воената платформа на Вучиќ и неговите луѓе поставена на север ги преминува црвените линии. Тој мора веднаш да ги повлече своите луѓе од север и да нареди отстранување на барикадите и враќање на преговарачката маса. Тој не може да го оспори Косово, кое е посветено на мирот. Логиката на користење на воени средства за создавање поцврста позиција за договорот за меѓусебно признавање во однос на Косово е поглавје што беше затворено во 1999 година“, вели Харадинај.

Според него премиерот Албин Курти и неговите изјави ја комплицираат ситуацијата.

„За жал, ниту Курти ниту неговите луѓе не се однесуваат правилно. Нивните непромислени постапки и изјави, континуирано во овие три месеци, само ја влошуваа состојбата. Мировната мисија на НАТО на Косово не е странска, па затоа не може да се смета за таква. За КФОР не може да се постават рокови. Нивната мисија на Косово е јасна и чиста како солза. Вашингтон и Брисел се сојузници на мирот и безбедноста на Косово, а премиерот треба да се откаже од реториката на противење кон нив. „Иднината на Косово е вечно поврзана со западните сојузници, особено со Америка“, рече Харадинај.

Побара „косовските Срби да не наседнуваат на политичките калкулации на Вучиќ и на кој било друг“.

„Имам барање до Србите од Косово. Не наседнувајте на ничии политички калкулации, па ни на Вучиќ. Не бидете колатерална штета. Вашата иднина е во Косово, во мир и хармонија со сите други, затоа оставете ги барикадите“, рече тој.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата