Утрински Весник
Спорт

Хаос во Купот на БиХ – Фудбалерите на Сараево го напуштија мечот со Борац

Untitled 1 5.jpg

Реваншот од четвртфиналето на Купот на БиХ меѓу Сараево и Борац од Бања Лука не заврши и ќе биде регистриран со службен резултат во корист на гостите.

Фудбалерите и стручниот штаб на Сараево го напуштија теренот во 93.минута, при резултат 1:2. Првиот натпревар во Бања Лука заврши без голови.

Домаќините се повлекоа од теренот поради, според нив, неколку контроверзни одлуки на главниот судија на натпреварот, Матео Муса.

Во текот на натпреварот Сараево остана со фудбалер помалку, откако Бразилецот Ренан, поради удирање на противничкиот играч, доби црвен картон.

Муса потоа го исклучи помошниот тренер на Сараево поради приговори.

Седум играчи на Сараево добија жолти картони од судијата, кај гостите пожолтеа двајца.

Во текот на денот ќе се состане и натпреварувачката комисија на БиХ со цел официјално да донесе одлука за епилогот од прекинатиот натпревар.

Инаку, Стефан Марчетиќ ги постигна двата гола за лидерот во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, во 23. и 60. минута.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо