Утрински Весник
Македонија

Хаос во ГТЦ, вработени се жалат на мобинг, дали ќе излезат на протест?

Gtc.jpeg

Хаотично е последниве месеци во Градскиот трговски центар во Скопје.

Вработени во ГТЦ за 24инфо.мк раскажуваат дека со новото раководство на претпријатието дошло до големо влошување на меѓучовечките односи.

„Новиот директор на ГТЦ Скопје става редари на влезната врата на дирекцијата кои го следат пријавувањето на вработените при влез во работните простории. Нововработените го воспоставуваат редот со физички пресметки и усни закани кон вработените кои со години си ги обавуваат своите работни обврски. Освен тоа утрово се собравме цела дирекција на протест пред канцеларијата на директорот која се наоѓа на 4ти спрат. Лично директорот усно ни се заканува на нас вработените кои колегијално баравме објаснување од него за тоа однесување на редарите“ сведочат вработени за 24инфо.мк

Тие велат дека доколку ваквиот однос продолжи, тогаш ќе бидат принудени да стапат во штрајк и преку протест да ги штитат своите работнички права.

24инфо.мк преку меил побара став од раководството, но до овој момент немаме добиено никкаков одговор.

ГТЦ е акционерско друштво во доминантна сопственост на државата, а од пред некоја недела има нов директор и нов состав на Управниот одбор.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи