Утрински Весник
Македонија

Хаос на одбојкарски натпревар во Велес – играчите од Тетово и публиката фрлаа предмети, повредени се две лица

Хаос на одбојкарски натпревар во Велес – играчите од Тетово и публиката фрлаа предмети, повредени се две лица

Фрлање предмети помеѓу гостинската екипа и публиката, две повредени лица. Ваков е епилогот за одбојкарскиот натпревар синоќа во салата „Гемиџии“ во Велес кој се одвивал помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија“, соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов