Утрински Весник
Свет

Ханој прогласен за најзагаден град во светот

Air Pollution.jpg

Главниот град на Виетнам, Ханој денеска е прогласен за најзагаден град во светот, откако се измерени 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ2,5, на метар кубен.

Ханој е покриен со густ смог во последните неколку недели, што е резултат на густ сообраќај, горење ѓубре и индустриска активност.


Вицепремиерот Тран Хонг Ха повика вчера на забрзана транзиција кон електрични возила како дел од напорите за намалување на загадувањето, објавија државните медиуми.

Целта на виетнамската Влада е најмалку 50 отсто од автобусите, како и сите такси возила, да бидат електрични до 2030 година.

Мештаните велат дека загадувањето влијае на нивното здравје и дека сметаат дека состојбата со загадувањето во последно време е влошена. Оваа југоисточна азиска земја, регионален индустриски центар со една од најбрзо растечките економии во Азија, со години пријавува за сериозно загадување на воздухот во поголемите градови, особено во Ханој. 

Можете да прочитате

Обилни врнежи од снег парализира делови од Европа

Украина започна голема нова офанзива во руската област Курск

Снежна бура го зафати источниот дел на САД