Утрински Весник
Спорт

Хамилтон стана најстариот победник во 21 век и го собори рекордот на Раиконен за интервал помеѓу првата и последната освоена трка

20240708094605 Big 730x400 27.webp.webp

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, собори голем број рекорди со вчерашната победата на Силверстоун.

По Британското Гран при, Луис Хамилтон стана најстариот победник на Формула 1 трка во 21 век (39 години и шест месеци), надминувајќи го достигнувањето на Кими Раиконен (39 години и 4 дена), поставено во 2018 година.

Пилотот на Мерцедес го собори и рекордот за интервал помеѓу првата и последната победа – 17 години и 27 дена. Луис победи за прв пат во својата дебитантска сезона, на Гран при на Канада во 2007 година. Досегашниот рекорд го држеше Раиконен (15 години, 6 месеци и 28 дена).

Хамилтон победи на трката во неговиот 344-ти старт во Ф1 – првпат некој да заврши на највисокото скалило на подиумот по 300 ГП.

Покрај тоа, седумкратниот светски шампион ги подобри рекордите во Ф1 за победи (104) и подиуми (199). Луис 12-ти пат по ред заврши во топ 3 на Силверстоун, а вкупно на оваа патека заработи девет победи и 15 места на подиумот – и тоа се рекорди.

Можете да прочитате

Бронза за македонската џудистка Ива Богдановска на Балканското првенство во Тирана

Едисон Кавани и Бока Јуниорс ја продолжија соработката

Симоне Инѕаги експресно го одби Манчестер Јунајтед