Утрински Весник
Свет

Хамас тврди дека им дал одговор на посредниците за планот за примирје во Газа, со некои „забелешки“

Pripadnici Na Voenoto Krilo Na Hamas Vo Beit Hanun Vo 2014 Godina Fotografi A Epa Mohamed Saber 1536x1024 1.jpg

Хамас денеска соопшти дека им дал одговор на катарските и египетските посредници на предлогот за прекин на огнот во Газа поддржан од САД, со одредени „приговори“ на него.

Хамас и помалата милитантна група Исламски џихад рекоа дека се подготвени „да бидат позитивни за да постигнат договор“ и оти нивниот приоритет е „целосно да се стави крај“ на војната.

Високиот функционер на Хамас Осама Хамдан за либанската телевизија Ал-Мајадин изјави дека групата поднела „некои приговори на предлогот на посредникот“. Тој не даде други детали.

Министерствата за надворешни работи на Катар и Египет во заедничко соопштение рекоа дека размислуваат за одговор и оти ќе продолжат со посредничките напори со САД „до постигнување договор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно денеска изјави дека гласањето на Советот за безбедност на ОН за предлогот поддржан од САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците е јасна порака дека светот го поддржува планот и повторно го повика Хамас да го прифати.

Можете да прочитате

Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата

Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Вулканот Каримски на Камчатка исфрли пепел во висина од пет километри