Утрински Весник
Свет

Хамас: САД не се одлучни за примирје во Газа

Pripadnici na voenoto krilo na hamas vo beit hanun vo 2014 godina fotografi a epa mohamed saber 1536x1024 1.jpg
Dik 300x250 mk

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Осама Хамдан, изјави дека Соединетите Американски Држави немаат вистинска волја да воспостават прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој рече дека предлогот на САД не вклучува никаков прекин на огнот или повлекување на војниците од Газа, пренесуваат иранските медиуми, повикувајќи се на палестинската агенција Шехаб.

Хамдан истакна дека потенцијалниот прекин на огнот мора да гарантира јасни критериуми, вклучувајќи ја и слободата на палестинските затвореници.

Висок член на Хамас додаде дека САД се обидуваат да му дадат, како што рече, „доволно време на окупаторскиот израелски режим да изврши нови масакри“.

Преговорите за прекин на огнот во Газа, со посредство на Катар, Египет и САД, а во кои Хамас не учествуваше, завршија во петокот во Доха.

Можете да прочитате

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност 

Украинската морнарица погоди електрана во рускиот Орјолски регион

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот