Утрински Весник
Свет

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

Hamas.webp.webp

Палестинското движење Хамас денеска го повика Иран да не ги напаѓа соседните држави, бидејќи ширењето на конфликтот би можел дополнително да го дестабилизира регионот.

– Потврдувајќи го правото на Исламската Република Иран да одговори на оваа агресија со сите расположиви средства во согласност со меѓународните норми и закони, движењето ги повикува своите браќа во Иран да избегнуваат таргетирање на соседните земји, се наведува во соопштението од Хамас.


Денешната порака од Хамас до Техеран е значајна бидејќи Иран со години е еден од главните меѓународни сојузници на Хамас. Техеран го поддржува палестинското движење политички и заедно со другите милитантни групи во регионот, му обезбедува финансиска и воена помош, иако Хамас формално не е дел од мрежата на регионални сојузници на Иран, како што е либанскиот Хезболах.

Можете да прочитате

Иран: Украина се приклучи на војната, сега е легитимна цел

Израел планира голема копнена инвазија врз Либан

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам