Утрински Весник
Спорт

Хакинен воодушевен од новиот експериментален формат во Ф1

Хакинен воодушевен од новиот експериментален формат во Ф1
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двократниот светски шампион, Мика Хакинен го пофали Ф1 шефот, Стефано Доменикали за експериментирањето со форматот на трки во шампионатот пред првата спринтерска трка овој викенд во Азербејџан.

dobivaj vesti na viber

ФИА во вторникот го потврди новиот формат на спринтерските трки, наречени „спринтерска пресметка“ (sprint shootout). Од трката во Баку овој викенд, квалификациите во петокот ќе го одредуваат распоредот за неделната трка, додека во сабота на местото на вториот тренинг ќе има пократка квалификациска сесија во која во првите две сесии ќе бидат дозволени само „средни“ гуми, а меките гуми резервирани за третата сесија.

Ова предизвика необични реакции кај возачите кои не се сигурни како ќе се одвива ваквиот викенд, но поранешниот возач на Мекларен, Хакинен вели дека ги подржува промените.

„Фантастично е да се види колку популарна стана Формула 1 и верувам дека генералниот директор Стефано Доменикали е во право со експериментите во тркачкиот викенд. Со само една тренинг-сесија во петок пред квалификациите, тимовите немаат многу време за играње со сетапот, нема шанси за дополнителна поддршка од фабриката предд квалификациите, така што е потребен само добар основен сетап и возач кој се чувствува силен во болидот. Тоа е фантастично“, вели Хакинен.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025