Утрински Весник
Свет

Хакерски напад врз француското МВР

Haker.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Француското Министерство за внатрешни работи неколку дена било цел на хакерски напад, при што хакерите добиле пристап до службени електронски пошти на вработени и до чувствителни полициски бази на податоци. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека е извршен сајбер-напад, при што хакерите пристапиле до „одредени професионални е-поштенски сандачиња“, што им овозможило увид во повеќе важни полициски системи, меѓу кои и Системот за обработка на кривични евиденции и Регистарот на барани лица.

„Сè уште не го знаеме опсегот на компромитација. До денеска можеби се отстранети неколку десетици датотеки од системот“, истакна Нуњез.

Тој додаде дека засега не е познато дали протечените информации можат да ги загрозат тековните истраги. Според Нуњез, за инцидентот се одговорни и вработени кои не ги почитувале безбедносните процедури.

Можете да прочитате

Њу Делхи воведе строги мерки поради тешко загадување на воздухот

Путин: Руската армија зазеде над 300 населени места во 2025 година

Белгија ги замрзнува платите на пратениците во следните четири години